Битолчанката Марија Груевска повторно ги изненади и воодушеви и жирито и публиката со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“. Таа прво со запалени свеќи на нејзините прсти на двете раце, кои гореа во текот на целиот перформанс.

Втората песна со која се претстави беше „Ќе останам слободна“ од Рибља Чорба, а на сцената се појави облечена како Статуата на слободата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZVEZDE GRANDA (@zvezde_granda_2021_)

Груевска ги доби сите 6 гласа во полуфиналето и се пласираше во финалето.

Претходно, Марија настапи облечена и како Ханибал Лектор, а на една од вечерите се појави и со голем питон. На прашањето како ги смислува своите настапи, пејачката рече дека тоа го прави во договор со нејзиниот татко, кој е свештеник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.