„Werefox“, еден од најдобрите словенечки рок бендови кон крајот на април, во рамките на својата турнеја ќе настапи во неколку земји на Балканот, меѓу кои и во Македонија.
Видеото за нивниот последен сингл „This In-Sync-Thing” е изработено во соработка со браќата Мануел и Давид Хан. На видето гостува познатата танчарка Росана Хрибар и пејачката Мeли.
Ова видео е второ по ред од серијата на концептуални видеа, чиј претходник беше видео записот за „Pretty Girl Needs A Bath“.
Балканска турнеја:
27.4.2019: Џаково (Хрватска): „Rock bar King“
28.4.2019: Кладово (Србија): „Club Fusion“
29.4.2019: Штип (Македонија): „Only fools and horses pub“
30.4.2019, Скопје (Македонија): Стар град пивница
01.5.2019, Струга (Македонија): Meze bar Kingston
03.5.2019, Приштина (Косово): „Rockuzine“
04.5.2019, Тирана (Албанија): „Tirana Rock Café“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.