На 20 декември (петок) со почеток од 19 часот во МКЦ ќе се одржи петтото издание на фестивалот Востание во организација на Diehard Records & Booking.
Годинава настапуваат четири домашни бендови, сите активни и со нови изданија. И за прв пат кај нас, ќе ја имаме честа да ги гледаме FIRST BLOOD! Формирани 2002 во Сан Франциско, Калифорнија, Карл и неговата дружина носат безкомпромисен, моќен и суров хардкор/метал. 17 години, три студиски албуми и безброј турнеи низ целиот свет.
Домашните машини Shock Troopers имаа одлична година. „Глуво Доба“ излезе на плоча преку Diehard records, промовираа во МКЦ и заминаа на Европска турнеја. За само две години Последен Удар успеа да се постави како доста сериозен бенд. По одличното “EP”, летово го само-издадоа албумот „Не сме како вас“ и ќе го свират во живо на Востание 5! Short Fuse Hero по кратка студио пауза повторно на сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.