Легендарниот гитарист Влатко Стефановски ја израдува публиката во Големата сала во Домот на млади во Белград со концерт кој го одржа третата вечер на „Gitar art festival”.
На македонскиот виртуоз на сцената како гостин му се придружи Вукашин Марковиќ, кој изведе популарни гитарски нумери во специјални аранжмани.
Се надевам дека вие не сте виртуелна публика и дека јас не сум виртуелен изведувач. Тука сме, присутни сме, заедно сме, и тоа е нешто навистина фантастично и незаменливо, ѝ се обратил Стефановски на воодушевената публика.
Познатиот маестро, првите неколку нумери ги посветил на македонскиот фолклор, кој ја вклучува и композицијата, познатата традиционална – „Македонско девојче“, што се наоѓа и на неговиот нов студиски албум „Тафталиџе шафл“ (2020), создаден за време на пандемијата.
Влатко е препознатлив по мешавина на музички стилови, македонски традиционални ритми и современ рок. Од 1998 година соработува со гитаристот Мирослав Тадиќ, а на публиката на „Гитар арт фестивал“, чиј редовен учесник е, ѝ е познат и по големиот гитарски проект „Кингс оф стрингс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.