Македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски наполни 63 години. Најубавата честитка Влатко ја доби од ќерката Ана и синот Јан. Тие на Инстаграм објавија фотографија со роденденска торта на која пишува:

Среќен роденден тато.

“ Фала ви, сакани мои деца“ напиша Влатко на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

Thank you, my loving kids!

A post shared by Vlatko Stefanovski (@vlatko_stefanovski_official) on

Влатко Стефановски е роден во Прилеп на 24 јануари 1957. Тој е основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“. Првите соло-настапи на Стефановски започнале во почетокот на 1990-тите, а заедно со Бодан Арсовски во 1990 година го издал првиот македонски компакт-диск, со музика за рок-балетот „Зодијак“. Во 1994 година, Стефановски го снимил својот прв самостоен албум, „Каубои и индијанци“, додека сè уште бил член на „Леб и сол“.

Во текот на својата долга музичка кариера Влатко Стефановски добил повеќе награди меѓу кои Естрадната награда на Југославија, наградата (за животно дело) Трајни вредности во Македонија и други.

Инаку, синот на Влатко, Јан е дел од „Влатко Стефановски трио“, каде удира на тапани, додека Ана лани докторираше на Универзитетот во Падова, Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.