Oваа година на „Охрид фест“ доаѓа Владо Калембер, фронтменот на „Сребрени крила“ кој беше миленик на женската публика на просторите на поранешна Југославија.
По периодот на глобалната пандемија, повторно ќе бидете на сцената на „Охрид фест“, во натпреварувачкиот дел, пред македонската публиката, луѓето што сакаат да ве слушаат. Ве радува ли враќањето на старата нормалност?
Деновите ми поминуваат многу брзо, па и не сум свесен дека веќе помина толку време. Но, се плашам дека ќе треба уште простор, уште многу време за враќање на старата нормална состојба. Ви благодарам на информацијата дека во Македонија има луѓе кои радо би ме слушале. Патем, јас не сум фестивалски човек, но дозволив „да ме наговори“ мојот долгогодишен пријател Григор Копров, и така решив да дојдам на „Охрид фест“. Се гледаме наскоро!
„Сребрени крила“ се, може да се рече- култна појава во бившата земја. Млади, убави, со весели песни, го освоивте просторот на екс Југославија со милионски тиражи, концерти, турнеи. Од оваа временска дистанца, што беше најзаслужно за вашиот успех и слава?
Јас сум многу горд на периодот на „Сребрени крила“, бидејќи тој, по паузата од 1987-2012 трае и денес. Живеевме во време кога најважната работа беше да свириш во бенд. Сонувавме да снимаме во добри студија а снимавме во најдобрите. Сонувавме да свириме во големи сали, свиревме во најголеми, па и на стадиони… Кога ќе ги отсонувате соништата, тогаш станувате реални, и сега сме среќни што сме живи, здрави и уште свириме. И да, и сега свириме во големи простори. Среќен сум што сме пријатели исто како на почетокот. И тогаш бевме пријатели, но сега сме – стари добри пријатели.
И покрај константна концертна присутност, кам- бек со неколкуте песни, особено со фантастична „То сам ја“, вистинската химна на животот брои милионски прегледи на каналот јутјуб, и искрено кажано поемотивни реакции и коментари одамна на сум прочитала.
Никогаш не го сакав тој израз „кам бек“, затао што ние никаде не отидовме за да се вратиме. После паузата до 2012 година, повторно се собравме, и одтогаш сме постојано присатни. Некои песни се слушаат повеќе, а некои помалку, и тоа е така секогаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.