Денеска се навршуваат 12 години од смртта на најголемата музичка ѕвезда во Македонија Тоше Проески. Пред точно 12 години ова беше најтешкиот ден за Македонија, а вистински шок за целиот Балкан и пошироко.
Неговата пријателка актерката Весна Петрушевска и оваа година горко се присетува на последната средба и на кобното утро.
Јас се сеќавам на 15-ти октомври, на оној другиот ден беше вторник и не се сеќавам многу… зошто и би се потсетила? Но, затоа таа понеделничка вечер ме гребе…12 години! Се ми е кристално јасно и неговиот чекор, неговата силуета како се прикрадува за да ме изненади, широката насмевка и задршката на сопственото разочарување. Ја паметам онаа силна прегратка. Кога некој ќе ми каже дека е роден 1981 година, таа година емотивно ме врзува само за него. Помислувам јас многу често како ќе пееше денес, на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен… имам многу сеќавања со него, велат само тогаш знаеме колку сме биле, колку сме живееле и зошто да го браниме нашиот живот. Колку е се бесмислено кога таков лик ќе исчезне преку ноќ… вечерта е тука, утрото го нема… беше ладен и дождлив октомври… мене барем ми беше така…. вечерва исто… те сакам бескрајно и те чувам повеќе од што мислиш бејб❤️❤️❤️
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.