Италијанскиот тенор Андреа Бочели вечерва пееше во празната катедрала Дуомо во Милани во обид со неговиот глас да пробуди надеж за целото човештво.

Според Бочели, неговиот настап кој беше пренесуван во живо на „Јутјуб“, не е концерт туку прилика за заедничка молитва за Милано и за целиот свет.

Соочени со болната и тажна ситуација да испратиме порака на љубов и исцелување на големиот празник. Луѓето ќе бидат поврзани преку интернет, обединети со суптилна нишка на верба која е посилна од било која привидна оддалеченост, порача Бочели пред концертот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.