Советот на фестивалот „Охрид фест 2021“ упатува најдлабоко сочувство до семејствата на починатите по трагедијата во Тетово. Сочувствуваме со нивната болка.
Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни Сарај, нема да има озвучување а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост.
Ова е единствено решение во овие тажни денови, бидејќи изведувачите од целиот Балкан се пристигнати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.