Македонската претставничка на Детскиот избор за песна на „Евровизија“, Мила Москов, вчера ја имаше првата проба. Четиринаесетгодишната Мила, во недела, на 24 ноември во Гливице, Полска, ќе се претстави со песната „Fire“.
Москов беше избрана преку аудиција на која учествуваа 18 кандидати.
Од најрана возраст Мила покажува интерес кон музиката и на шест години се запишува во локалното државно музичко училиште во Прилеп на одделот за пијано, но по две години се префрла на соло пеење, каде и ги прави своите први почетоци во пеењето. На 11 години се пријавува на аудиција за мали таленти каде што влегува во финалето, со што ѝ се зголемил интересот за пеењето. Во 2017 година се запишува во приватното музичко училиште „Матрикс“ во Прилеп. Мила во 2017 година учествуваше на фестивалот „Мелфест“ како дебитант“, наведуваат од Македонската радио телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.