Уште еден македонски музичар е позитивен на новиот коронавирус. Како што самио сподели на „Фејсбук“, позитивен тест вчера доби поп-фолк пејачот Боби Павловски.
Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за Ковид-19 е позитивен. Покрај сите витамини, мерки и внимавање, маски, дезинфекции, сепак стаса и до мене. Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни. Се надевам дека се ќе помине најдобро, напиша тој.
Боби изминатиов период настапуваше во неколку градови, а сите настапи што се закажани до средината на септември, додека не поминат деновите на изолација и резултатите од тестирањето се откажуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.