Ирскиот рок бенд U2 донираше 10 милиони долари во фондот за борба против коронавирусот во Ирска. Парите ќе се искористат за поддршка на здравствените работници и купување на заштитна опрема. Дел од опремата која е набавена од овие средства веќе пристигна на аеродромот во Даблин, јави ирската телевизија РТЕ.
Ирскиот премиер Лео Варадкар го пофали гестот на старите рокери:
Иако Владата нарача доволна количина опрема, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена, напиша тој на неговиот профил на Твитер.
Боно, фронтменот на групата U2 за прв пат по 2017-та година, објави песна, овој пат инспирирана од последните случувања со коронавирусот, односно од начинот на кој луѓето во Италија се справија со пандемијата. Песната е насловена „Let Your Love Be Known“ и беше објавена на неговиот профил на Instagram со порака:
За Италијаните кои ме инспирираа… за Ирците… за СИТЕ на кои на овој ден на Св. Патрик им е тешко, но сепак се со песната „За докторите, сестрите и сите кои се на првата линија, за Вас пееме“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.