Во пресрет на 13-годишнината од смртта на Тоше Проески, неговиот голем пријател и колега, хрватскиот пејач Тони Цетински сподели дека никогаш нема да го преболи заминувањето на неговиот пријател, соработник и брат.
13 долги години. Утре некаде во ова време нѐ напушти физички, но само физички брате мој. Не ми се верува колку многу ми недостасуваш денес и колку сѐ уште ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер.
Ме прашуваш каде сум и што правам? На пат сум, секако, и има одвратен дожд, но твојата насмевка е надежта која ни е толку потребна во овие чудни и зли времиња. Ќе биде сѐ во ред додека те имаме тебе кој нѐ чуваш со својата присутност, песни и целата добрина што ја остави на оваа планета.
Ти си ангел на добрината. Знам дека нѐ чуваш како што и ти мора да знаеш дека си секогаш во нашите молитви. Те сака твојот брат – пишува Цетински во својот поздрав до Тоше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.