По успешната концертна промоција на новиот албум, што ја имавме во петокот во МКЦ, групата Баклава ви го презентира новото музичко видео за песната „Тиркиз“.
Видеото е изработено од продукцијата на „091“, и режијата е на Јана Мишо. Шминката ја направи Ирена Сенокозлиоска. Музика: Елена Христова, текст: Сибо. Музичари: Елена Баклава – вокали, Дејан Теодосиевски – виолон-чело, Драган Стојковски – бас гитара, Игор Стевковски – тапани, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – кларинет, Трајче Ристов – тарабука.
Тиркизната боја го доби своето видео. Инспирана од играта на зборови на името на драгиот камен што воедно е и симбол на турската естетика, се доловуваат убавините од Истанбул до прекрасното крајбрежје на југот. Стиховите се претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски…Описно овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13те бои од албумот: TURQUOISE (Тиркиз), ПУРПУРНА, CHOCOLATE (Чоколада), РУЗМАРИН, ПЕНДОЛИРА, СИНА, РУБИН, СРЕБРЕНА, СИВА, БЕЛА, НЕВЕН, ФЛАМИНГО, СЕНКА.
Следуваат настапи за промоција на новиот звук на Баклава. Најпрво би ја издвоиле промоцијата на крајот на март на винилното и ЦД издание кое е издадено од Берин, но е исто така под покровителство на Арс Ламина и во нејзините продавници ќе можете да си набавите грамофонска плоча и компакт-диск.
Од поважните настапи го издвојуваме учеството на овогодинешниот Оффест, во јуни, велат од групата „Балкава“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.