The Underground Youth повторно во Скопје. The Underground Youth го гледавме и слушавме на седмото издание на „Здраво, млади“ пред Slowdive. Вечерва, со почеток од 21 часот, го промовира новиот албум Montage Images Of Lust & Fear со концерт во Младинскиот културен центар.
Бендот почнува со работа во 2008 година како креативен проект на Craig Dyer. The Underground Youth во своите изданија се движи помеѓу мрачна филмска психоделија и суров постпанк. Од 2012 година бендот има остварено многубројни долготрајни турнеи во Европа, концертите постојано му се распродадени и насекаде добива пофалби за своите фестивалски настапи. Преку независната издавачка етикета Fuzz Club Records има објавено 5 ЛП и 3 ЕП-изданија, сите досега распродадени и препечатени во нови тиражи.
И на претходните, како и на новиот албум – Montage Images Of Lust & Fear, тоа што е најкарактеристично за The Underground Youth е неговата способност да создаде мрачен спој помеѓу психоделија, постпанк, берлински chillwave, goth и shoegaze, но, сепак, сето тоа преточено со dream-pop сензибилитет. Комбинацијата од бучава, сурова енергија и привлечни мелодии доведува до уникатно доживување на неговите настапи, што не е за пропуштање.
Концертниот состав на бендот во моментот се состои од: Craig Dyer (вокали, гитара), Olya Dyer (тапани), Max James (бас) и Mark Vernon (гитара).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.