МКЦ од Скопје и словенското Кино Шишка од Љубљана на 11 јуни ќе одржат нов заеднички стрим, како продолжение на соработката за онлајн концерти во време на кризната состојба.
Од страна на Кино Шишка, со почеток од 21 часот настапуваат The canyon observer. Потоа ќе ги слушаме My tear – кога бендот Фонија едноставно го смени своето име поради новиот звук кој премина од панк-рок во инди/new wave.
Според Библијата, секое домаќинство треба да поседува барем еден албум од хардкор панк бендот The canyon observer.
Во 22 часот ќе започнат со свирење My tear.
My Tear е дел од сцената на Балкан Велики, собрана околу Студио 1060 во западно Скопје. Во скоро две години постоење, групата набрзина излезе од анонимност со песните Остави ме да бидам, Последниот Дедо Мраз (заедно со Петар Младеновски од Суперхикс) и Лаги Шарени, кои исто така дојдоа до првите топ листи на популарните радио станици во Македонија. „Остави ме да бидам“ беше 3 недели на врвот на табелата на Антена 5 и Радио Бубамара и е прогласен за сингл на годината (2018) од култното инди радио Канал 103.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.