МАЛИША, (Елеонора Мустафовска), е започнува соло кариера. Новата песна е насловена „Теби се предајем“, автор е Јован Јованов и Иван Јованов.
Таа од сега ќе настапува под името Малиша, за кое вели дека го избрала поради внуката која живее во Америка и долго време не ја видела, а многу и недостига.
Елеонора е родена во Кратово и потекнува од музикално семејство, каде што својот раскошен музички талент го наследила од нејзиниот татко. Преголемата љубов што ја врзува за внуката Малиша, е единствена причина што таа реши својата соло кариера да ја продолжи под уметничкото име МАЛИША, како што воедно ќе биде насловенo и најновото музичко издание, соопштија нејзиниот менаџер, Симеон Атанасов и Малиша, денеска на средба со новинарите.
МАЛИША, своите почетоци во музиката ги има уште како дете, најпрво слушајќи го својот татко, а подоцна учествува во сите културни збиднувања во училиште, каде што микрофонот бил секогаш резервиран за неа. Така е се до својата 17 година, кога ќе има среќа да биде слушната од Кралицата на Ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска, која во Малиша препознава потенцијал кој може да се надогради и да биде достоен глас за светските музички сцени. Како дел од надградбата на талентот, покрај работењето со Есма Реџепова, МАЛИША се запишува на Универзитетот ЕСРА Скопје, Њујорк, Париз, и е дипломиран вокален интерпретатор, во класата на професор Александар Стефановски.
Како член на Есмас Бенд учествува на голем број светски реномирани фестивали, како што се Сигет Будимпешта, Унгарија, Вомад Касерес, Шпанија, Мавацин Фестивал Рабат Мароко, Норт Си Џез Фестивал Ротердам, Холандија и други. Во 2010 година Есмас Бенд учествува на Скопскиот Фестивал, каде што има забележителен настап, со песната „Gypsy dance“. Во 2013 година Малиша е еден од пратечките вокали на Евросонгот, што се одржа во Малме Шведска, каде Македонија ја претставуваа Есма и Лозано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.