Овој спот Македонци нема да го гледаат со љубов, вели актерот Сашо Тасевски за евровизиското видео промовирано вчера, во кое тој ги препозна боите на знамето на нашиот источен сосед.
Само што на соседиве другари знамето им е хоризонтално, но со истите бои.
Иначе оваа тробојка е во македонскиот спот за Евровизија. Може има некоја друга симболика, но морале да внимаваат, оти вака одма ти пара очи. Што и да значи, сте си се покакале на пи-арот. Овој спот Македонци нема да го гледаат со љубов. Непријатно се осеќаш и губиш мотив да ја дослушаш и песната.
Уствари од песната секако ќе те фати пролив уште во првите десет секунди. Или во најдобар случај ќе легнеш на бомба, пишува Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.