„Црвена јабука” доаѓаат на интимен концерт во Скопје, закажан за 25-ти март во Македонска филхармонија. Убавата вест за сите фанови на бендот, ја соопштија од Авалон продукција:

После толку, по ,,нашки” кажано, ,,битисување” и уживање во Сараево изминатава година ипол, дојде време нешто што се вика Sarajevo’s finest конечно да се почувствува во Скопје, во склоп на 30 години постоење на Авалон Продукција.

А, Црвена Јабука тој епитет многу гордо го носи со своите песни.

После продадените 18.000 влезници во Загребачка арена и трите концерти во МТС дворана во Белград, Жера и пријателите ги носат сите хитови (а, ги има навистина многу) во интимната атмосфера на Македонската Филхармонија.

Јабука е еден од ретките бендови кои реално и добро плива сиве овие години, во комбинација со нивните стари и култни евергрини и конзистентни и успешни нови албуми и синглови.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (1ви март) во 9 часот наутро онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.