Годинашната евровизиска претставничка, Тамара Тодевска ѝ приреди на Нина Костовска незаборавно изненадување со песната „Proud“. Таа се појави во нејзиниот дом и предизвика бура од емоции кај оваа прекрасна девојка.

Нина е родена со Даунов синдром. Кога се родила, докторите им рекле на нејзините родители да не се надеваат дека ќе постигне нешто во животот. Денес, таа самостојно обучува наставници и професори во нашата земја како да се справат со децата со попреченост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.