Дури 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал ѝ го дале својот глас на македонската претставничка Тамара Тодевска, што е и прв воопшто трофеј за нашата земја на ова натпреварување. Зад Тамара се Кејт Милер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.
Во категоријата за најдобра песна, наградата ѝ припадна на победничката „Аркада” во изведба на Данкан Лоренс од Холандија. Нашата „Proud“ беше рангирана на високото 5-то место.
Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, оставајќи го победникот Данкан на второто и италијанецот Махмуд на третото место.
Норвежаните КЕИНО се прогласени за најдобра група.
Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.