Хрватската поп-ѕвезда од 90-тите години Татјана Камерон Тајчи (49) неодамна призна дека била жртва на сексуално насилство во младоста. Сега таа откри нови детали за трауматското искуство за „Јутарњи лист“.

Бев на тинејџерска возраст, пред славата, ме силуваа, верував дека тоа е моја вина. Поради тоа, не сакав никому да кажам ништо. Ние мора да создадеме средина во која жената или мажот нема да веруваат дека се виновни кога тоа ќе им се случи, признала таа.

Тајчи далечната 1987 година се појави првпат на Загреб фест со песната “Noć od kristala” и така ги маѓепса Југословените и стана ѕвезда во најава/

Буквално сите девојчиња во тие години сакаа розево фустанче какво што носеше Тајчи на настапот во 1990 година кога го отпеа својот мегахит „Hajde da ludujemo ove noći” со интересна кореографија.

На македонската публика и е позната повеќе и од настапот на Макфест во 1988 година кога ја испеа песната „Кабала“ на македонски јазик.

Денеска Тајчи односно Татјана Матејаш Камерон има 46 години и живее мирен семеен живот во Америка, поточно во Лос Анџелес.

Среќно е мажена, мајка на три момчиња и на социјалните мрежи често објавува фотографии од своето семејство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.