Поп ѕвездата Аријана Гранде јавно им оддаде почит на луѓето кои загинаа во терористички напад што се случи на нејзиниот концерт во Манчестер, во 2017 година.

На својот инстаграм профил, Аријана напиша дека честопати мисли на тие што ги загубија животите.

Иако тагата секогаш ќе биде присутна, нашиот однос со неа постојано се развива и се манифестира на различни начини секој ден, секоја година… Знам дека и оваа година нема да биде лесна – напиша Аријана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande)

Пејачката ги наведува и имињата на 22 лица кои беа убиени во самоубиствениот бомбашки напад извршен на 22 мај 2017 година од страна на исламистички екстремист на крајот од нејзиниот концерт во арената во Манчестер.

Една година по нападот, во спомен на  трагично загинатите нејзини обожаватели, пејачката зад увото истетовира пчела, што е симбол на Манчестер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.