Легендарниот андерграунд техно диџеј и поп суперѕвезда, Свен Ват, од многумина нарекуван и таткото на рејверските афтерпартиња доаѓа ексклузивно од Амстердам за да ја изведе својата магија со целовечерен сет на 8-ми декември, во СЦ Борис Трајковски за заокружување на ТАКСИРАТ 21.

„Папа Свен“ е визионер и перфекционист кој го смени текот на електронската музика. Магионичар кој повеќе од 35 години ја изведува својата илузија исклучиво на грамофони.

На главната вечер на 21-во издание на Таксират на 7-ми декември во полн состав се приклучуваат и Суперхикс, потоа Андрија Вујевиќ, хрватскиот рапер и стиховен еквилибрист, алијас Војко В, кој ги исмеа сите и имаше неверојатно успешна година: грабна три награди Порин (за најдобар албум и за најдобар клубски албум „Војко“, и за најдобар видео спот „Не може“) и се претвори во најангажиран изведувач во регионов, како и британските драмендбејс супернови Chase & Status, хрватските легенди Хладно пиво, шведските поп ѕвезди Peter Bjorn and John, култните Београдски синдикат, а втората фестивалска бина ќе биде отстапена на супер-собирот на најголемите трап артисти од домашната и регионална сцена: Клинац, Prince$$ Donatsu, Buntai, Донплеја, Kuku$ Klan, Секси Марса, Бон Праскиза, 30Zona.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.