Минатата година „Свемирко“ го доживеа својот дебитански концерт кај нас во склоп на ПМГ Рекордингс Фестивал и уште тогаш сфативме дека бендот е се што бараме (и добиваме) од еден поп бенд. Совршено урамнотежен спој на чувства, вештина и квалитет. Во еден момент емо-мачо, во друг – авангарден, а во трет сосема нормален рецепт кој ги прави нивните настапи во живо незаборавни. Овој еклектичен состав предводен од Марко Вуковиќ со Антонио Бошњак, Марин Тандара, Брнимир Блажевиќ и Бојан Бојко стана една од најинтересните современи појави на поп музика на Балканот.
На крилјата на деби албумот „Ванилија“ „Свемирко“ се здоби со многу фанови, пофалби и позитивни критики за релативно кратко време. Таму каде што завршува првиот албум, продолжува вториот студиски албум „Тунгузија“ кој носи само фантастични мелодии и аранжмани, непогрешлива живописна поезија и луди ритми со перфектни звучни ароми.
Од север кон југ, од запад кон исток отсвириле огромен број на концерти во период од една година. „Свемирко“ ја оправдува довербата што ја добива од публиката а за иднината подготвува нови концерти и нови, ноќни и дневни авантури.
Високата позитивна енергија на фестивалот цело време ја одржува нашиот најголем фан и ЗДРАВО МЛАДИ резидент, ирецот DJ Fitz. И оваа година со големо задоволство го најавуваме неговиот настап за престојниот деветти по ред ЗДРАВО МЛАДИ.
Сетовите на диџеј Фиц имаат една цел – да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика. Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот. Ако постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Мр. Фиц.
Билетите за фестивалот можат да се набават само на билетарница на МКЦ и online преку bileti.mkc.mk по промотивна цена од 400 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.