„Суперхикс“ на 3. март 2019 година во МКЦ, Скопје, ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот клуб „Дорс“ во Дебар Маало, Скопје во 1994 година.
Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне хитовите „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“ и многу други.
Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и првпат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.