„Суперхикс“ снимија нов музички спот за песната „Ана“.

Во спотот тие се восочни фигури, комплетно прекриени со пајажини, заборавени од сите и оставени на забот на времето. Но, момците оживуваат благодарејќи на една Ана која што ја глуми Сара Анастасовска. Ана вози велосипед и продава букети цвеќиња на минувачите пред излогот каде што се поставени восочните фигури. Спотот е позитивен и разигран, а текстот певлив и инспиративен.

Целосната замисла на концептот за спотот е на Суперхикс, а е во продукција на „Фокус Покус Филмс“. Сценографијата е на Вања Бартлинг, со асистенција на Андреј Бартлинг, Димитар Јакимовски, Александра Петкова, Симо Бранов, Борис Минов. Костимографијата е на Жаклина Крстевска, а шминката која што ги долови восочните лица на членовите на Суперхикс е на Златица Поповска.


Режијата и монтажата на видеото е на Благоја Неделковски, како кинематографер се појавува Димо Попов М.А.К., а асистент на камера е Раде Гогоски. За светлото се погрижија Тоде Ивановски и Александар Бошев (Про Лајт), а целосната организација е на Никола Христовски и Методија Лазаревски.

Суперхикс продолжуваат со работа и во овој век, со турбо работа, нови песни и спотови за своите фанови, но и за новите генерации кои што доаѓаат. На крајот порачуваат дека секој треба да си има една „Ана“ која што ќе го оживее и ќе му даде желба за творење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.