Од продукцијата „Авалон“ задолжена за концертот на Тамара Тодевска во Античкиот театар во Охрид велат дека вчера, на првиот продажен ден, имало огромен интерес од страна на публиката.

Почитувани пријатели, како што и очекувавме, концертот предизвика навистина огромен интерес, влезници купуваат фанови од сите генерации и од сите градови низ земјава. Па така, очекуваме Античкиот театар да биде исполнет до последно место со нејзините фанови, кои и тоа како очекуваа нивната миленичка Тамара да одржи концерт, велат од „Авалон“.

Концертот на Тамара е закажан за 27 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.