Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски го покажа со рацете симболот на голема Албанија во центарот на Белград на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“! Пејачот пред излегување на сцена со рацете го направил злогласниот симбол и така позирал на фото репортерите со што ја испровоцира цела Србија.
Работата да биде полоша, Кајмакоски стана познат и кариерата ја направи токму во Србија. За него веројатно никој немаше да чуе доколку во 2014 година не победи во српската веризја на Икс фактор. Тогаш ментор му беше Жељко Јоксимовиќ, кој со него сними и дует.
Даниел сега и се „заблагодари“ на Србија, покажувајќи го злогласниот симбол на голема Албанија.
Меѓутоа во продукциската куќа Емоушн, која го продуцира ТЛЗП, велат дека не гледаат ништо спорно во потегот на Кајмакоски.
Нашите шоу програми се од забавен карактер и не дозволуваме пропагирање на било какви политички симболи и пораки. Да помислевме дека овде станува збор за тоа, веднаш ќе реагиравме, како што порано сме правеле – порачува сопственикот на Емоушн, Горан Стаменковиќ.
Кајмакоски за Информер тврди дека не знаел дека со рацете го покажува срамниот албански симбол.
Им ги покажував на фотографите своите намачкани нокти. Една од позите ми беше и оваа која предизвика скандал. Немав поим дека тоа е некој албански симбол. Македонец сум и православен, никогаш тоа намерно не би го направил. Во шок сум поради се – изјавил Кајмакоски.
Неговата поза наиде на негативни коментари од страна на сите граѓани на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.