Концертот на Стинг во Скопје беше поместен поради финалето во ракомет, а Стинг се појави на сцената точно навреме, без ниту една минута доцнење. Вистински Британец и професионалец.
Тој доаѓа на концерт по втор пат во Скопје, но овојпат на „open air“ ги отпеја најголемите хитови пред македонската публика. Тој успеа да ги собере сите љубители на неговата музика и покрај најавите за обилните врнежи. Публиката многубројна и на нејзина голема радост, Стинг ги отпеја „Every breath you take“, Fragile, Shape of my heart, Deser rose…Еден час и четириесеттина минути траеше музичкото патување со големата музичка ѕвезда.
Гостин на концертот, кој настапи пред Стинг беше македонскиот виртуоз на гитара, Влатко Стефановски, кој „Јовано Јованке“ им ја посвети на македонските ракометари.
фото:авалон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.