Тања Савиќ последниве осум месеци јавно тврдеше дека нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги одвел нивните синови во Австралија без нејзино знаење, а сега се смири со него.
Сега се огласи и Душан и вели оти тие двајца никогаш всушност не се скарале, туку дека сето тоа бил маркетиншки трик.
Тања и јас се смиривме. Вели дека ме сака и дека мисли на нашата љубовм бескрајно. Исто така и јас се чуствувам, рече Душан, а потоа изјави нешто што се коси со се досега што кажале двајцата.
Според него всушност целата приказна за киднапирање на децата и насилство била фарса за јавноста.
Луѓе, па ние се сакаме! Ова се што направивме досега беше наш договор за малку да кренеме прашина, рече Душко. Потоа до српските медиуми проследил СМС пораки што си ги испраќале со Тања за кои тврди дека се од пред неколку дена. Во пораките Тања навистина вели дека го сака и дека и недостига и дека мечтае за денот кога ќе се разбуди покрај него и децата.
На прашањето зошто тогаш Тања говори спротивно во јавноста, кратко рече:
Тања си прави маркетинг бидејќи треба да објави нова песна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.