Скоро 5.000 потписи собра петицијата која беше отворена денеска на Change.org, а со која се бара повлекување на Васил Гарванлиев како претставник на Македонија на „Евровизија“.

Петицијата следува откако во видеоспотот беа препознаени боите на бугарското знаме, што за многумина претставуваше провокација и пропаганда. Поради реакциите на јавноста видеото беше повлечено и беа отстранети спорните сцени. Викендов, пак, беше споделено старо интервју од Гавранлиев, во кое тој открива дека поседува и бугарски пасош, со што уште толку се разгореа емоциите на јавноста.

Денеска преку видеообраќање до јавноста пејачот се извини доколку некого ненамерно повредил и навредил.

Петицијата може да ја погледнете тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.