Пејачот Александар Тарабунов – Тара после неколку месеци принудна пауза и музичка илегала поради новонастанатата ситуација со пандемијата со коронавирус конечно со нов сингл и видео запис. Станува збор за темата „Нема крај“ која својата официјална премиера ја имаше вчера, а е негово лично авторско дело и го означува стартот на неговата кариера како кантавтор.
Времето поминато во карантин го искористив за да творам. Направив мало студио во својот дом, се посветив на музицирање, а прв производ од мојата „музичка кујна“ е токму „Нема крај“. Aранжманот го сработив заедно со Роберт Билбилов кој му даде светски призвук на рефренот и целосно ја среди продукцијата, додека, пак, текстот е заедничко дело на мене и Зоран Зонде Стојановски кој се потпишува и како режисер на спотот, откри Тарабунов.
Кадрите за видеото се снимени на две локации – Скопје и Преспа, а спотот изгледа како филм. Покрај Тара во дел од кадрите се појавува и манекенката Сара Дојчиноска.
Во продолжение погледнете го видеото:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.