Раперот Ненад Ставровски – Нешо кој пред само неколку дена објави нова песна со наслов „Ќе биде“.
Таа ми е една од омилените од мојот прв соло-албум „Балканизам“, кој излезе во етер на 10 мај. Сè што сакам да пренесам со оваа песна е дека треба да се научиме после пораз да ја кренеме главата горе и да се движиме кон следната рунда од животот, вели раперот Нешо за песната на која му гостува и младата пејачка Валерија.
Тој вели дека во текстот на песната ќе се пронајдат многумина, а причина за тоа е општеството во кое денеска сите живееме.
Нешо се потпишува и како автор на текстот, додека пак зад музиката, аранжманот, и мастерингот стои потписот на Темелко Андреев, кој впрочем е режисер и на видеоспотот на „Ќе биде“.
Инаку Нешо не е нов на македонската музичка сцена, туку е рапер кој веќе години наназад твори и ја освојува публиката во нашата земја, па и пошироко. За разлика од некои останати инстант-рапери, Нешо и неговиот тим внимателно бираат каква порака ќе пратат во општеството.
Ова е неговата „Ќе биде“, погледнете и споделете:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.