Еден од најпознатите светски ди-џеј, Дејвид Гета (53), ужива во љубовта со 25 години помладата Џесика Лидон, а парот практично е нераздвоен.

Главната забава им е уживањето на плажа каде што не се срамат да покажат како разменуваат нежности.

Џесика и славниот Француз се честа мета на папараците коишто се натпреваруваат кој да ги фотографира. И не само поради тоа што сè „пука“ од страст, туку и поради фактот што 28-годишната Џесика е неверојатно згодна.

Славниот диџеј не крие колку е „лудо“ вљубен во својата избраничка, а и тој самиот покрај неа изгледа како младо момче иако веќе ја „гази“ шестата деценија од животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Ledon (@jessledon)

Овојпат атрактивниот пар бил „уловен“ во Мајами на една плажа, а како и вообичаено, така и сега не ги тргале рацете еден од друг и се однесувале како вљубени тинејџери.

Гета пред Џесика беше 22 години во брак со Кети Лоб, со која има и две деца. Двојката се разведе во 2014 година, а веќе по неколку месеци јавноста дозна за него и атрактивната Кубанка, за кои многумина шпекулираа и дека таа е причината за разводот на диџејот и Кети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Ledon (@jessledon)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.