Мартовските концерти кои беа одложени поради актуелната состојба со корона вирусот, се презакажуваат со нови дати, а концертот на култните „Електрични Оргазам“ има и нова локација.

Така славеничкиот концерт на “Електрични оргазам” ќе се одржи на отворено на 11-ти септември на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот Skopje Calling.

Електрични Оргазам ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.

Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 11-ти септември, соопштуваат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.