Горан Каран се откажал од „Дора“, хрватскиот натпревар за Евровизија. Тој сам ја донел одлуката по притисок од јавноста.
Од настапот се откажал бидејќи, како што пренесуваат хрватските медиуми, некои тврдат дека песната со која би се натпреварувал, веќе ја извел на концерт во Босна и Херцеговина, а правилата налагаат песната при изведување на „Дора“, да не е изведувана или објавена.
Каран пак тврди дека досега песната никаде не е изведена.
Една различна верзија на песната, која ја нареков „My Legacy is Love“ ја изведов на концерт во Босна и Херцеговина. Исто така, важно е да напоменам дека песната не е објавена во својата оригинална верзија. Она што би сакал да го нагласам е дека мојата причина за занимавање со музика и мојата цел никогаш не била, не е и нема да биде – натпреварувачка. Од таа причина одлучив да ги демантирам сите можни погрешни толкувања, па песната „My Legacy is Love“ ја повлекувам од „Дора“. На тој начин сакам да не оставам простор за било какви контроверзии и нуспојави, бидејќи, како што се вели во стиховите „Моето наследство е – љубов“ – заклучил Каран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.