Песната која ги одбележа филмовите и серијата „Монтевидео“, е хит го препеале многу балкнаски пејачи, а народот ја прифати како омилена песна за кафанските седенки.

За песната постојат неколку легенди, меѓу кои и онаа дека потекнува од Првата светска војна и се пеела на Кајмакчалан.

Но, „Пукни зоро“ е всушност новокомпонирана песна и тоа од познатиот словенечки изведувач Роберт Пешут, познат по уметничкото име Мањифико.

Ги слушнав сите урбани легенди кои се создадоа околу „Пукни зоро“. Има една дека песната настанала во Првата балканска војна, друга дека почнала да се пее на Кајмакчалан за време на Првата светска војна. Баш нè забавуваше тоа. Беше направена за филм, па отиде во кафана, а од кафана песната отиде насекаде. Тоа многу ме радува и ми значи. Во некоја рака, тоа е единственото што еден автор посакува. Народот таа песна ја присвои како своја, народна и тоа е врвот на авторстовот, рече во една прилика Мањифико.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.