За вчерашното претсетавување во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички – Аll stars”, нашата претставничка Антониа Гиговска ја одбра песната од Тоше Проески „Полско цвеќе”.

И овојпат, осумнаестгодишната скопјанка ја воодушеви публиката, но и стручното жири. Емоциите не можеа да ги сокријат сите, а Гоца Тржан дури и заплaка за време на настапот на Антониа.

Тоше во јануари оваа година ќе наполнеше 38 години …. Би бил во најдобрите години и би пеел најдобро! Бидејќи него го нема, те имаме тебе …, рече Гоца Тржан која повторно заплака.

Би сакала оваа песна да му ја посветам на Тоше Проески, затоа што сум сигурна дека нè гледа од горе! Toj e мој идол, рече Антониа после натапот.

Младата пејачка, која во моментот е во Тел Авив како пратечки вокал на Тамара Тодевска на „Евровизија“, ја имаше главната женска улога во мјузиклот за Тоше, „Тајно моја“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.