На Дарко Лазиќ му се оствари желбата, најрадосниот празник да го помине со најмилите, во круг на семејството. Тој вети дека дури и во количка ќе оди во шума по бадниково дрво, а тоа и се случи во предвечерието на Бадник.

Пејачот на својот Инстаграм профил се пофали со ноќна фотографија од шума, а имал и друштво и тоа во духот на најстарите српски обичаи.

Шајкача на главата, ракија во рацете и големо бадниково дрво подготвено да го внесе во својот семеен дом. Таму со неговото семејство го чека и свршеницата Марина Гагиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.