Српскиот пејач и фронтмен на групата „Рибља Чорба“ Бора Ѓорѓевиќ (66), води тешка битка со болеста откако минатата година му беше дијагностициран рак на простата.
Српски „Информер“ објави дека здравствената состојба на Бора се нагло се влошила и дека ракот, наводно, му се проширил и на белите дробови.
Поради здравствената состојба на пејачот, сите концерти на бендот се откажани, а Бора не беше во можност да присуствува ниту на погребот на басистот на „Рибја чорба“, Мишо Алексиќ, кој почина од Ковид-19.
На Бора минатата година му беше дијагностициран канцер на простата, а неодамна неговата состојба му се влошила иако редовно одел на хенотерапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.