Во тесната битка за најпосакуваната победа во годинашново издание на ол стар Пинкови ѕвездички Сергеј Пајиќ си заминува со статуетката Пинкова ѕвездичка. Во суперфиналето на петтата сезона на шоуто Сергеј освои повеќе гласови од публиката од Бојана Радовановиќ од Белград.

Сергеј се издвои како најголем фаворит од публиката, но продукцијата не ги заборави и другите. Дарија Врачевиќ и Давид Марковиќ добија бесплатно патување во Дизниленд, а исто така, продукцијата дополнителни им додели микрофони на нив двајцата, на Бојана, Сергеј и на нашата Антониа.

Во продолжение погледнете го видеото од прогласувањето на победникот:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.