Британскиот пејач Сем Смит (27) ги замоли своите пријатели и семејството да не го дефинираат родово и да го ословуваат со неутрален тон, нарекувајќи го „тоа“ или „тие“.
Сем, кој јавно зборуваше за својата сексуална ориентација и призна дека е геј, своите блиски ги замоли за ова откако во март годинава призна дека се чувствува родово неутрален.
Пејачот дури размислувал и да ги отстрани гениталните органи.
Уметникот, кој во 2016 година освои „оскар“ за најдобра оригинална песна „Writings on the wall“ во филмот за Џејмс Бонд „Спектар“, изјави дека е родово флуиден.
Имам неколку пријатели што се со флуиден пол и тие ме учат за разни работи за кои не знаев досега. Тоа е навистина прекрасно. Во некои денови до израз доаѓа мојата машка страна, а во некои женската, искрен беше пејачот.
Личноста што се дефинира како родово неутрална, односно родово флуидна, не се чувствува нужно ни како маж ни како жена, туку претпочита луѓето да ја ословуваат со „тоа“ или „тие“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.