Славниот пејач и кантавтор Елтон Џон го дал својот коментар за филмот “Rocketman”, снимен според неговиот живот, а особено се осврнал на деталите за својата сексуалност и зависноста од дроги.
Пејачот во филмот го глуми младиот британски актер Тарон Егертон, а неговиот прв љубовник Џон Рид, актерот Ричард Меден. Во филмот е прикажана и сцена од нивниот прв секс за која Елтон вели дека токму така и се случила. Станува збор за прва сцена од хомосексуален секс во некој широко популарен филм.
Горд сум на тој факт. Можеби на некои луѓе нема да им се допаѓа и тоа можам да го разберам, но доколку тоа го немаше во филмот, ќе се чувствував како да ги изневерувам луѓето. Морам да бидам искрен ако ја раскажувам својата приказна. Тогаш имав 23 години и бев невин, очајно сакав некој да ме сака и да имам физичка врска”, изјавил пејачот.
Неговиот прв љубовник Џон Рид бил и негов менаџер.
Додека растев, татко ми ми зборуваше дека ќе ослепам ако мастурбирам. Кога добив очила на 13 години, си помислив: “Ох Боже, тоа се случува”. Кога за првпат лежев со Џон во своите прегратки, се чувствував како конечно да сум нормален”, додал Елтон.
Филмот го следи животот на Елтон Џон во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век и изобилува со детали во врска со неговата зависност за која отсекогаш отворено зборувал.
Иако бев во ужасна состојба додека се дрогирав, продолжив да го правам тоа. Снимањето на албумите, турнеите и музиката ме одржуваа во живот. Да престанев, повеќе не би бил овде. Тешко ми е да го гледам тоа бидејќи навистина не сакам да се враќам во тоа време”, вели Џон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.