Пејачот Саша Ковачевиќ проговори за немилиот настан кога бил затворен во Германија повеќе од 5 часа.

Тој зa зборуваше за деталите кои јавноста не ги знае.

Не спиевме пет дена. Решивме да направиме мини филм, потребно е време да се организира, продуцира и сé. Не го заболе само тато главата од цифрата на спотот, нé заболе сите, туку познати сме по тоа што инвестираме во квалитетни видеа… – вели пејачот и продолжува за затварањето.

Сé уште се прашувам која е причината. За среќа, не бевме уапсени, но подобро ќе беше да не уапсеа бидејќи ќе имавме подобри услови во затворот. Се трудат да бидат професионални, тоа е нивно право, но тоа е спротивно на некои норми… Ако не си вакциниран со одредена вакцина, немаш одредени права во некои земји. Бев затворен во соба 5 часа, со мојот бенд. Одбив да влезам во нивната земја, се вратив со првиот авион. Не ни дадоа објаснување и на тоа остана. Се трудам да не размислувам за тоа – открива Саша Ковачевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.