Британската пејачка, со косовско потекло, Дуа Липа (25) со своето момче Анвар Хадид (21) била на роденденска забава кај пријатели во Калифорнија, а притоа иако се трудела, не успеала да се скрие од папараците.

Направените фотографиите покажуваат дека Дуа убаво си поминала на забавата, прилично се опуштила и испила повеќе од потребното.

Липа се обидувала да чекори претпазливо и полека, додека Хадид ѝ бил поддршка и ја држел за рака, а лицето го криела од папараците. Пејачката, која е позната по своите секси изданија, била облечена во фармерки, кратка маичка и патики.

Дуа и Анвар се заедно две години. Таа на почетокот ја криеше нивната врска, за разлика од сега, кога споделува заеднички фотографии на Инстаграм каде ја следат 67,9 милиони луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.