Натпреварувачката Кристина Тодоровиќ и трагично починатиот пејач Момир Луковац (24) заедно учеле музичко училиште и заедно учествувале во „Ѕвездите на Гранд“, а биле и приватно блиски.

Пејачката видно потресена за српските медиуми вели дека трагедијата се случила вчера, а увидот се уште трае.

-Никој не може да претпостави што го натерало него да се самоубие бидејќи беше сосема нормален човек. Дури и подготвуваше песна, ниту најмалку не даваше знаци дека ова би можело да се случи, вели таа.

Таа додава дека вчера тој во студио снимал песна.

-Сите сме во шок, не верувавме додека не го добивме соопштението од брзата помош каде пишува дека тој си го одзел животот.

Инаку пејачот требаше да слави роденден на 25 април месецов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.