Македонската филхармонија на 24. декември го одржа новогодишен концерт под наслов „Нова Година – нов почеток“. Поради епидемијата на корона вирусот бројот на посетители беше ограничен.

Концертот беше под диригентската палка на Џијан Емин, а како солисти настапија: Џон Илија Апелгрин, Сара Мејс, Дејан Бобиќ, Полина Тасева и Калина Велковска.

Дамите кои настапија на сцената изгледаа магично во избраните тоалети, а Сара Мејс со изборот на црвениот фустан и белата крзнена наметка, едноставно се издвои во фокусот.

За секси нота на фустанот придонесе високиот шлиц и голиот грб кој дополнително го нагласи нејзиниот сексипил и женственот.

Уживајте во стајлингот на Сара Мејс, како и во прекрасната музика за убав почеток на Новата 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.