Пејачката Сања Цинцева – Барбика, која неодамна го објави видеото за песната „Ковид и секс“ и за два дена собра над 100.000 прегледи на „Јутјуб“, преку социјалните мрежи им се обрати на сите што ја плукаат неа и нејзината песна. Доколку не им се допаѓа она што таа го работи, порача таа, нека не ја гледаат и слушаат.
Почитувани хејтери! Долго размислував, па на крајот одлучив да одделам малку време и за вас.
Свесна бев дека не знаете да ја препознаете храброста да се донесат новите трендови кај нас, но ете и овој пат решив да бидам во првите и покрај тоа што знаев на какви коментари ќе наидам.
Ама ако, не Ви замерувам, толку Ви е капацитетот да процените и да вреднувате, само не ми е јасно како ги поддржувате естрадните уметници од регионот со овој жарн на музика, а нас домашните нè плукате, навредуавте и понижувате? Од мене простено Ви е.
На крајот од денот ако не Ви се допаѓа не слушајте и не гледајте, сите ние имаме различни вкусови, а во тоа сум сигурна бидејќи покрај многуте хејтерски коментари, добив дупло повеќе поддржувачки и охрабрувачки коментари. Да бидам искрена Ви благодарам и на едните и на другите.
Имало и коментари од типот дека сум ги исмејувала жртвите од Ковид, НЕ НЕ НЕ, како би ги исмејувала кога и јас лично го прележав вирусот, темата на песната е таква се со цел малку позитива да дадеме на сè околу Ковид вирусот, да ја тргнеме барем на неколку минути негативната енергија! Ве сака Сања Барби, наскоро се гледаме и дружиме на најдобрите забави!
П. С. Сигурна сум дека на истите често ќе ја барате да ја пеам „Ковид и секс“, напиша Сања на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.