Пејачката Лара Иванова заедно со пејачот и композитор, Панче Касапски за своите фанови го подготвија видео записот на новата песна, „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со изразен бит, чиј темел се емоциите и уметноста.

Зад првиот дует на Лара и Панче стои квалитетен и искусен тим. Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков. Режисерската палка на видео записот му припаѓа на Ѓорги Вацев, а уникатното сценарио за видеото се должи на креативноста на целиот тим.

Видео спотот од новата песна на Лара Иванова и Панче Касапски, „Само сврти се“ премиерно беше прикажан на официјалниот YouTube канал на Лара.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.